€ 48,90
Положбата на верските заедници во вардарскиот дел на Македонија во периодот меѓу двете светски војни (1918-1941), кога овој дел се наоѓа во составот на новоформираната држава – Кралството на Србите, Хрватите и Словенците односно Кралството Југославија, не е само историографска тема од областа на историјата на религиите, туку е и од големо значење за историјата на правото и политичката историја на Македонија, на која, со целата своја комплексност, во македонската историографија сè уште не е дадено потребното внимание и не е истражена во целина, т.е. за неа не постојат посебни трудови.Периодот кој се разгледува во оваа докторска дисертација, е период на длабоки пропагандни превирања, тука спаѓаат и нерешените национални прашања и националната нерамноправност на македонскиот народ како и на другите народи од вардарскиот дел на Македонија во рамките на новата држава - Кралството на Србите, Хрватите и Словенците/Југославија. Во наведениот период Кралството на СХС/Југославија, со целокупниот свој управен потенцијал, меѓу другото, се поставува и кон наметнување на власта во верските заедници меѓу населението во вардарскиот дел од Македонија.
Book Details: |
|
ISBN-13: |
978-613-9-41596-0 |
ISBN-10: |
6139415969 |
EAN: |
9786139415960 |
Book language: |
Serbian |
By (author) : |
Rejhan Mandak |
Number of pages: |
308 |
Published on: |
23.05.2019 |
Category: |
Law,other |