Функционалната теорија на описот во оваа студија го става на показ надминувањето на последиците од неговата долготрајна маргинализираност. Таа придонесува за еманципација на описот по однос на исто наративните елементи, преку приказ на неговите повеќекратни функции и начинот по кој тој се интегрира во наративниот текст. Експертизата нуди можност за опсервација на описното рамниште низ четири нивоа: дескриптивна типологија, “Кутија со фотографии”, модел на свет и дескриптивна микроструктура. Семантичкиот придонес, имплициран во кардиналниот дескриптивен ентитет-категоријата чист опис, разоткриен и реализиран низ првите три етапи, се инсталира во “смисловната платформа” на описниот дискурс-дескриптивната микроструктура, како негов конечен биланс. Таа пак претставува флексибилен функционален систем, адаптибилен по однос на наративната макроструктура (=“таксономиски четириаголник”) на наративното писмо во целост.
Grāmatas detaļas: |
|
ISBN-13: |
978-613-9-41854-1 |
ISBN-10: |
6139418542 |
EAN : |
9786139418541 |
Grāmatas valoda: |
English |
By (author) : |
Луси Караниколова-Чочоровска |
Lappušu skaits: |
372 |
Izdošanas datums: |
05.11.2019 |
Kategorija: |
Language and literature science |