Книгата „Чекајќи ја егзегезата“ е структуирана во три поглавја и тоа: „Есеи“,„Интерпретации“ и „Рецензии“. Во делот „Есеи“ се објавуваат три текста што се однесуваат на одделни белешки за толкувањето на литературата. Во делот „Интерпретации“ се нудат практични анализи на прозни и пoетски книжевни дела од македонската литература од бројни автори како што се Ташко Георгиевски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Димитар Солев, Живко Чинго, Венко Андоновски, Драги Михајловски, Петре Бакевски и други. Во делот „Рецензии“ се даваат бројни осврти за книжевно-историски и книжевно-теориски трудови од современата македонска книжевна продукција. Книгата „Чекајќи ја егзегезата“ е замислена и конципирана како симбиоза меѓу есејот, стручниот интерпретативен приод и книжевно-критичкиот осврт.
Book Details: |
|
ISBN-13: |
978-620-0-62487-1 |
ISBN-10: |
6200624879 |
EAN: |
9786200624871 |
Book language: |
Macedonian |
By (author) : |
Ранко Младеноски |
Number of pages: |
252 |
Published on: |
15.07.2021 |
Category: |
Language and literature science |